акцентира
акцентираат; акцентирал; акцентиран; акцентирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 17954
1.
Нагласи, нагласува, изговори, изговара со поголема сила на глас одделен слог од зборот.
Примери:
Тој по грешка го акцентираше вториот слог од крајот на зборот.
Слично со:
нагласи (св.)
2.
Стави, става, обележи, обележува акцентски знаци на одделни слогови во пишан текст.
Примери:
Дијалектолозите ги акцентираат сите зборови во текстовите.
3.
Истакне, истакнува, стави, става во прв план нешто.
Примери:
Управниот одбор ги акцентира последните успеси на сопственото работење.
Слично со:
истакне (св.)
Изведенки
акцентирање ср.
глаг. им.
глаг. им.